Чести прашања
Чести прашања
Се за изборот на бенд за свадба, цените, терминот и објавата на вашиот бенд.
Како да најдам бенд за свадба во Македонија?
Отворете ја страницата Бендови за свадби или филтрирајте ги сите изведувачи по категорија (народна, забавна, широк репертоар…), тип на изведувач и регион. На секој профил има слики, видеа и форма за директна порака до бендот.
Дали Bendovi.mk наплаќа провизија за резервација?
Не. Bendovi.mk е бесплатен за посетителите. Вие директно се договарате со бендот - цената, терминот и деталите ги договарате со изведувачот.
Колку чини бенд за свадба?
Цената зависи од бројот на членови, траењето на настапот, датумот (сезона, викенд) и локацијата. Испратете порака до неколку бендови преку нивните профили и споредете ги понудите.
Колку рано треба да резервирам бенд?
За свадби во сезона (мај-октомври) и викенди препорачуваме 6 до 12 месеци однапред. Популарните бендови се резервираат брзо.
Која е разликата меѓу бенд, соло-артист, ди-џеј и парови?
Бенд/Група е повеќечлен состав со живи инструменти. Соло-артист е пејач или музичар што настапува сам (често со матрикс или клавијатура). Ди-џеј пушта музика. Парови се дуа - пејач/ка со музичар.
Дали бендовите патуваат надвор од својот град?
Да, повеќето изведувачи настапуваат низ цела Македонија, а некои и во странство (дијаспора). Регионот на профилот покажува од каде е бендот - патувањето договорете го директно.
Како да го објавам мојот бенд на Bendovi.mk?
Пополнете ја формата Објави изведувач со опис, слики и контакти. Нашиот тим ја прегледува пријавата и го објавува профилот.
Колку време трае одобрувањето на профилот?
Обично 1-3 работни дена. Доколку ни треба нешто дополнително, ќе ве контактираме на е-поштата или телефонот од пријавата.
Како да ги додадам мојот ресторан или сала на мапата?
Контактирајте не преку контакт формата или погледнете ја страницата Промоција за ресторани и локали.
Не најдовте одговор?
Контакт