Горан Папаз во неговата кариера досега настапувал во: Македонија, Кина, Велика Британија, Германија, Италија, Австрија, Словенија, Романија, Чешка, Србија, Хрватска, Бугарија, Косово, Албанија и др.
Со неговата виртуозност и мелодичен звук, македонскиот саксофонист е победник на повеќе натпревари во Македонија и надвор од неа.
Професионално, Папаз во 2019 г. ја имал привилегијата да настапува пред папата Франциско во Скопје, а досега свирел со реномирани оркестри, бендови и музичари како: Македонска филхармонија, Македонската опера и балет, CEEC Jazz Big Band – Кина, Градски дувачки оркестар – Скопје, Суперхикс, Дубиоза Колектив, ДНК, Дарио, Елена Ристевска, Маја Гроздановска и др.Како солист и како дел од проект, Папаз настапувал на многу музички фестивали како: Таксират, In Music, Belgrade Calling, Prague City Festival, Пиволенд Скопје и тн.
- ID: 4888