> Бенд/Група
ПромоТопБустиран

Bravo Band

Bravo Band
Bravo Band
Bravo Band
Bravo Band
Preview Thumbnail
Bravo Band
Bravo Band
Bravo Band
Bravo Band

Браво бенд е македонска популарна музичка група од академски музичари која на македонската забавна сцена опстојува повеќе од 20 години. Бендот е составен од 6 члена: Дејан Младеновски (тапани), Мирослав Милковски (клавијатури), Кире Денов (бас/вокал), Александар Трајанов (гитара), Драганчо Младеновски (труба) и Момчило Митровски (кларинет и саксофон). Нивната прва промоција ја имаа во шоуто на познатата Македонска водителка Лила Филиповска во 2005 година.

Започнуваат со настапи по дискотеки и ноќни клубови ширум Македонија, а оттогаш до денес тие претставуваа еден од најатрактивните состави за настапи на приватни забави и свадбени прослави, токму поради нивната широка жанровска понуда. Во почетоците од кариерата се појавуваат на фестивалот Охрид Фест 2006 год. со песната “Лесно ти е Тебе” која станува голем хит. Следува наредниот нивен голем хит “Нека Патам”, а со Јован Јованов и Елвир Мекик ја прават песната “Не бих те Мењао” и учествуваат на реномираниот фестивал Сунчане Скале во Херцег Нови каде ја земаат третата награда од стручното жири. Во октомври 2008 година го објавија своето првенче, албумот „Интро“, стилски шаренолик албум, каде се застапени различни стилови се со цел секој од фановите да се пронајде самиот себе.

Учествуваа на Скопје Фест 2009 со цел да се изборат за претставување на Македонија на Евровизија. Учествуваа со песната „Девојко“ на Симон Трпчевски  која за прв пат ја претставија во второто полуфинале и успеаја да влезат во финалето на Македонскиот избор за песна на Евровизија, каде што на крајот завршија на 10 место, оваа песна до денсе е голем радијски хит кој сеуште е дел од плеј листите на македонските радио станици. Следуваа уште доста награди од кои:  3-то место на „Охрид фест“ 2006 со „Лесно ти е тебе“; Хит на годината, награда од Радио Рос (Лесно ти е тебе); 3-та награда на реномираниот „Сунчане скале“ 2007 година и Бронзена Сирена за „Не бих те мењао“; Најпопуларни личности на 2007 од ТВ ОРБИС Битола; 12 поени од телевоутинг на Охрид Фест 2008 (Хронично луд). „Браво Бенд“ и после активни многу години на естрадата го задржаа својот препознатлив музички сензибилитет иако како и повеќето групи направија доста измени во составот.

Во 2014/15 година во радискиот и телевизискиот етер беа пуштени нивните два нови синглови „Ало“ и „Купи ме“ со која се претставија на „Макфест“ 2015 година. Следуваше синглот „Нај, нај“ во 2017-та година. Нивното перманентно музицирање и музички квалитет вродуваат со многу настапи од различен карактер што ги прави дополнително достапни за публиката. Од 2017-та година, започнуваат со снимање на обработки на познати македонски народни песни, како и новокомпонирани фолк композиции од други Македонски изведувачи, популарно наречени кавери, преку кои пред пошироката публика ги презентираа овие композиции отсвирени и донесени на специфичен и уникатен начин, преку уникатниот израз на музицирање на членовите на Браво Бенд. Во 2023 година, започнуваат соработка со автори од република Србија и преку познатата Гранд продукција го издаваат синглот „Катаклизма“ на Српски јазик. Со овој сингл, Браво Бенд успешно ја продолжуваат својата меѓународна кариера во регионот.

  • ID: 5115
  • Настапи: Свадби Прослави Родендени Евенти Забави