Дарио Панковски својата музичка кариера ја започнал во 1980 како дел од новоформираната њу-вејв музичка група Бон-Тон. Најпознати хитови од тоа време се: Добрите девојки,Таа Мала Маја и Старо Купувам. Со Бон-Тон, Дарио учествувал на неколку фестивали од кој најзначаен е Макфест.
Во 1992 година била формирена групата Дарио и Миг-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бактерија“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.
По неколкуте промени во составот на членовите на групата, во 1994 година бил издаден нивниот втор албум насловен како „Фанки саунд“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Дај да заспијам“, „Сети се“ и „Секој сака“. Песната „Дај да заспијам“, која претставува латино-балада, била прогласена за хит на годината во 1994 година. Во овој период излегла и најпозната песна „Дупла вотка“ која ги соборила сите рекорди и се задржала долго време на топ листите.
Во 1996 групата била прогласена за најдобра на годината. Во 1998 година се одржале двата големи концерти во Универзална сала со масовна посетеност.
Соло кариера – Aлбуми:
- Дарио (1999)
- Исток, запад, север, југ (2001)
- Сите порази и победи (2004)
- Човек без спомени (2008)
- Ако силно посакам… (2016)
- ID: 4908