Димитар живее во Битола и уште од мали нозе влегол во музичките води, пред се како ученик во нижо музичко училиште. Завршил средно музичко училиште (отсек виолина) во Битола и се запишал на музичката академија во Скопје. Првото пејачко искуство, Димитар го имаше во 1994. година на детскиот фестивал Си-До, каде ја отпеа, тогаш многу популарната Кога Ема би знаела, по што се појави и во телевизиската серија Здраво генијалци на МТВ, и оттогаш, како што самиот вели, постојано е во музиката.
Димитар бил дел од тимот финалисти на М2 продукција во 2003, а во полуфиналето ја отпеа Ми требаш како молитва на Игор Узунов. Бил еден од придружните вокали на Тијана Дапчевиќ на Евровизија 2014.
Синглови
- 1994 година: „Кога Ема Би Знаела“
- 2003 година: „Не Сакав Да Те Засакам“
- 2006 година: „Сè уште ме сонуваш“
- 2006 година: „Исти Зборови“
- 2008 година: „Ми зеде се“
- 2009 година: „Заробени во сон“
- 2009 година: „Ова небо знае се“
- 2010 година: „Камено срце“
- 2010 година: „Гледај ме во очи“
- 2011 година: „Свој на Своето“
- 2012 година: „Добро Ме Познаваш“
- 2013 година: „Месечина“
- 2013 година: „Ако Ме Боли“
- 2013 година: „Во мене љубовта умира“
- 2013 година: „Разбуди ме на полноќ“
- 2014 година: „Се што ти ветив“
- 2015 година: „Жал ми е“
- ID: 4864