Момчињата од „Либеро бенд“ веќе долги години функционираат како музички состав кој со својата уметност ги поместуваат стандардите за квалитетот на македонската музичка сцена. После неколку нивни одлични песни, многу настапи и музика и без никакви ограничувања во правецот кој го третираат тие одлучија да направат преработки на серија познати хитови.
„Полско цвеќе“, „Од милијун жена“, „Уторак“, „Да си ту“ , се само дел од песните кои се најдоа на нивниот репертоар. Со овој проект,тие најавуваат дека ќе се шират и на Балканот.
- ID: 4698
- Настапи: Свадби Прослави Родендени Евенти Забави